Нови 639 случаи на коронавирус, шестмина починати
Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани нови 639 случаи на коронавирус, а 6 луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 5.390 тестирања.
Најмногу нови случаи има во Скопје – 218, во Тетово има 113, Гостивар 99, Струмица 37, Куманово 34, Кичево 32, Битола 17, Струга 16, Дебар 9, Велес и Охрид по 8, Прилеп, Кавадарци и Берово по 6, Штип, Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово 4, Кочани 3, Радовиш и Делчево по 2, и Неготино, Крива Паланка, Виница и Демир Капија по еден нов случај.
Два парацетамола и едно пајдушко
Пријавени се 6 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75г и 76г) и Тетово (53 г и 77г), по едно починато лице од Гостивар (58г) и Битола (79г).
Регистрирани сe 22 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908, бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746.