Индонезиската морнарица заплени танкер за нафта баран во Камбоџа
Индонезиската морнарица соопшти дека запленила танкер со нафта, кој го бараа камбоџанските власти, под сомнение дека во него е ставена украдена 300 илјади барели сурова нафта.
Бродот што ја превезувал нафтата под знамето на Бахамите, е задржан во пристаништето кај индонезискиот остров Риау минатиот месец, се вели во соопштението на морнарицата. Во соопштението е наведено дека морницата ги привела капетанот и 18-те членови на екипажот - составен од државјани на Бангладеш, Индија и Мјанмар. По приведувањето членовите на екипажот на бродот биле испратени во карантин а нивниот случај го процесираат истражители.
Капетанот на бродот кој е државјанин на Бангладеш, е осомничен за закотвување на индонезиска територија без дозвола и му се заканува затворска казна до една година и максимална парична казна од 14 илјади долари доколку судот го прогласи за виновен.
Хезболах: Ирански танкер со гориво кон Либан и покрај американските санкции
Претходно во јануари, индонезиските власти заплениле два други танкери, првиот пловел со иранско знаме, а вториот со знаме од Панама. За двата се води случај под сомнение дека илегално пренесувале нафта во водите на Индонезија. Бродовите и членовите на екипажот биле ослободени по четиримесечен притвор.