Пицула: ЕУ мора да ја услови финансиската помош за Западен Балкан
Известувачот за Црна Гора во Европскиот парламент Тонино Пицула во интервју за Радио Слободна Европа оценува дека Европската унија мора да се откаже од концептот на мека моќ за Западен Балкан и да ја услови финансиската помош со напредок во демократизацијата, бидејќи, како што вели, „автократите го разбираат само таквиот јазик“. Оценувајќи ја ситуацијата во Западен Балкан како многу лоша, тој предвидува дека конфликтите во поединечни држави се пореални отколку меѓудржавните. Пицула смета дека тоа е последица на заостанатата демократска транзиција на самите држави, но и недостатокот на сила и интерес на ЕУ. Според Пицула, проруските и просрпските делови од парламентарното мнозинство во Црна Гора ја доведуваат во прашање не само европската интеграција, туку и елементите на црногорската државност, што може да ја блокира државата со несогледливи последици.
Бомгартнер: Отворањето на преговорите со С.Македонија нема утврден рок
„Запоставувањето на демократските институции е евидентно во сите земји од Западен Балкан. Делумно од домашни причини, но и вакуум во политиката за проширување на ЕУ. Кога станува збор за политиката на проширување, тука е Бугарија, која го оспорува почетокот на преговорите со Северна Македонија, но и некои постари членки на ЕУ, како Франција и Холандија, придонесуваат за блокадата на политиката на проширување. Слабее силата на ЕУ, која и самата се соочува со внатрешни проблеми и затоа нема сила за нови проширувања“, вели Пицула.
Поддршката од ЕУ недоволна за судските реформи во Западен Балкан
Тој вели дека геополитичката конкуренција на ЕУ на Западен Балкан, која ја немаше пред десет и повеќе години, станува сѐ поприсутна, а сега други наметнува агенда. „И многу политички елити во Западен Балкан го прифаќаат тој вид влијание. Политичарите размислуваат за следните избори и за најевтиниот начин да се постигне нешто, а реформите треба да се сфатат сериозно. Затоа, мислам дека ситуацијата е многу лоша. Сметам дека ситуацијата не е идентична со онаа од почетокот на 1990-тите, но без какво било сомневање има причини за загриженост“, оценува тој.
ЕУ ја осуди реториката за Денот на Република Српска и се закани со нови санкции
Според него, иако многу експерти и аналитичари велат дека во моментов на Западен Балкан се отворени десетина или 15 различни билатерални спорови многу пореално е да се размислува, не толку за конфликти меѓу одредени земји од Западен Балкан, туку дека одредени конфликти можат да се случат во одредени земји поради многу нерешени проблеми во заостанатата демократска транзиција. „Нема напредок во последните десет години, сите иницијативи насочени кон подобрување на состојбите, колективно или индивидуално, изостанаа нивните ефекти. Исклучок беше договорот меѓу Скопје и Атина за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија. Но, околу следниот агол, Северна Македонија беше повторно блокирана, двапати“, вели Пицула во интервју за РСЕ.