Времето денеска: претежно сончево
Утрото ќе биде многу студено, преку денот претежно сончево, на североистокот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе биде од минус 4 до 9 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 8 степени.