Антикорупциска со иницијатива да се „среди“ Изборниот законик
Има сомнежи дека градоначалникот на Шуто Оризари, како и претседателот на Советот на општината, користеле службено возило за лични и приватни потреби, односно за потребите за предизборната кампања за Локалните избори 2021 година, беше констатирано на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Горан Трпеноски, член на ДКСК кој го образложи овој предмет, меѓу другото наведе дека од патните налози се гледа дека не се уредно потполнети, не се правилно архивирани и не може да се утврди целта на дневните патувања. Имало и ситуации кога во сите патни налози е наведена само една релација од Општина Шуто Оризари до Град Скопје, без да се наведе за какви службени дејствија е користено возилото. Трпеноски предложи предметот да се затвори затоа што, како што рече, не гледа што друго ДКСК може да направи освен да даде јавна осуда.
ДКСК во 2022 ќе проверува имот на судии, обвинители, директори и раководни лица
Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК, се надоврза и рече дека ова е и причина плус Антикорупција да бара Изборниот законик да се „среди“. Таа информира дека има и други моменти во законот каде нема санкции и оцени дека е краен моментот за носење нов Изборен законик.