Во Белград средба меѓу Вучиќ и Мицотакис
Во работна посета на Србија денеска ќе престојува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Како што најавија од прес службата на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ ќе има работен состанок Мицотакис во претседателската зграда во вечерните часови, по што се предвидува двајцата да дадат изјави за медиумите.
Расправија Мицотакис – Ципрас за Преспанскиот договор
Претседателот Вучиќ и премиерот Мицотакис се сретнаа во декември 2019 година во Атина, кога беше потпишана Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Србија и Грција.