Врховниот суд на САД повторно изрече смртна казна на бомбашот на маратонот во Бостон
Врховниот суд во САД ја врати смртната казна за осудениот бомбаш на Бостонскиот маратон, Џохар Царнаев.
Со 6 гласа спрема 3 судиите на 4-ти март изгласаа враќање на смртната казна, поддржувајќи ги аргументите на администрацијата на претсдателот Џо Бајден дека федералниот апелационен суд погрешил кога ја отфрлил смртната казна.
Царнаев, етнички Чеченец, роден во Киргистан и неговиот брат ги извршија бомбашките напади во 2013-та година, еден од најголемите напади во САД, по терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва година.
Царнаев, кој имаше 19 години за време на бомбашките напади и неговиот постар брат Тамерлан Царнаев, активираа две рачно изработени бомби на маратонот. Три лица загинаа, а стотици други беа ранети.
Најмалку 45 загинати во самоубиствен бомбашки напад во џамија во Пакистан
Поротата го прогласи Џохар Царнаев за виновен по сите 30 точки од обвинението против него и подоцна утврди дека тој заслужува да биде погубен.
Во јули 2020 година, апелациониот суд пресуди дека судијата неправилно ги исклучил доказите што можеле да покажат дека Царнаев бил под влијание на неговиот брат. Апелацискиот суд, исто така, рече дека судијата во првичното судење „не успеал“ во проверката на поротниците за потенцијална пристрасност по известувањето за вестите за бомбашкиот напад. Апелациониот суд нареди ново судење за казната, оставајќи ја пресудата недопрена.