НАТО ќе распореди нови борбени групи во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка
НАТО веќе има борбени групи во Естонија, Латвија, Литванија и Полска.
„Очекувам лидерите да се согласат да го зајакнат ставот на НАТО во сите домени со големо зголемување на силите во источниот дел на алијансата, на копно, во воздух и на море. Првиот чекор е распоредување на четири нови борбени групи на НАТО во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка“, изјави Столтенберг денеска во Брисел.
Бајден и Столтенберг предупредуваат на заканата од употреба на руско хемиско оружје
„Ова значи дека ќе имаме осум мултинационални борбени групи на НАТО долж источното крило од Балтикот до Црното Море“, рече Столтенберг пред вонредниот самит на НАТО закажан за утре, 24 март, на кој ќе присуствува и американскиот претседател Џо Бајден.
„Се соочуваме со нова реалност за нашата безбедност, така што мора да ги ресетираме нашите сили за одвраќање и одбрана на подолг рок“, рече тој.
Руската воена инвазија врз Украина започна на 24 февруари. Во нападите на руските сили животот досега го изгубија повеќе стотици цивили, а над 3.5 милони лица ја напуштија државата.