Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД
На 84 годишна возраст почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД, соопшти денеска нејзиното семејство. Семејството соопшти дека таа починала од рак, „опкружена со семејството и пријателите“. Олбрајт беше родена во Чехословачка, во близина на Прага во 1937 година како Марија Јана Корбелова. Таа била ќерка на чехословачки дипломат, кој бил присилен на прогонство по окупацијата на земјата од нацистичка Германија во 1939 година. Олбрајт во САД се преселила во 1948 година, каде нејзиното семејство побарало политички азил. Читать дальше...