Села реагира на незаконски и неуставни работи во резултатите од пописот
Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села на прес-конференција во Собранието реагираше на противзаконски и противуставни делови во објавените резултати од пописот.
Според Села, за попис биле предвидени етнички заедници кои се противуставни и не постојат. Додаде дека македонските муслимани ги имало во пописот, а изостанале во резултатите, па јавно праша за оваа етничката заедница колкав е нивниот процент и каде е пресметан тој.
Посочи дека во пописот учествуваат сите етнички заедници кои се предвидедни во Преамбалата на Уставот или ако тоа треба да се дозволи за сите не мора да стои една или друга етничка заедница, туку да стојат сите. Овој момент, како што потенцира, го прави протиуставен Пописот и става недоверливост на резултатите поради тоа што немаме одговор каде се регистрирани.
Пендаровски: Направивме попис „со сите нишани“
Села смета дека најнезаконската бројка во Пописот 2021 се 132 илјади граѓани кај кои нема инфорации за јазик или религија. Според него оваа бројка е противзаконска, противуставна, не треба да стои и го повика Државниот завод за статистика да ја повлече.
„Пописот е државен интерес, а не владин интерес. Требаше да има комисија која ќе ги обработи податоците и да ги соопшти пред јавноста, а не тоа да остане во рацете на директорот и заменик-директорот, без разлика дали им се врзани потписите или не“, истакна лидерот на Алијансата на Албанците.
Уште вчера владејачките партии СДСМ и ДУИ оценија дека пописот бил успешно спроведен. Опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците оценија дека резултатите се некомплетни и оти има простор за сомнеж во веродостојноста. Левица и ромската невладина Аваја не ги признаваат резултатите, а Демократскиот сојуз вели дека тие не се одраз на реалноста.
Бела се чума зададе там долу в Македонија
Вчера беа објавени резултите од пописот кои се организираше по пауза од две децении. Така, вкупното попишано население во земјава изнесува 2 097 319 лица, од кои 1 836 713 живеат во државата. Нерезидентно население, односно луѓе кои повеќе од една година не живеат во земјава опфатени со пописот изнесува 260 606 лица. Не се попишани на терен вкупно 132 260 луѓе за кои податоците биле преземени од административни извори.