Лајчак достави нов предлог на Брисел до Приштина
Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак на официјална Приштина и го предаде новиот предлог на Брисел за решавање на кризата на северот на Косово, дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори.
Овој предлог, како што дознава РСЕ го примил косовскиот преговарач Бесник Бислими, на состанокот кој се одржал во вторникот ( 15 ноември ) во Брисел. Европската страна чека одговор – дали косовските власти го прифаќаат новиот предлог.
Борел предупредува за „најсериозната криза од 2013 година“ во односите меѓу Србија и Косово
Иако нема многу детали за тоа што содржи новиот бриселски предлог изворите на РСЕ потврдија дека се работи за изнаоѓање на преодно решение со цел избегнување на ескалација на настаните до која може да дојде на 21 ноември кога се очекува косовските власти да почнат парично да ги казнуваат сопствениците на возила со српски регистарски таблички во Косово.
Како што дознава РСЕ, не е исклучена можноста еден од елементите во најновиот предлог да биде одложување на примената на парични казни на одреден временски период од околу 10 месеци.
Изборите на северот на Косово закажани за 18 декември
Во случај Приштина брзо да одговори на овој предлог се очекува вденаш потоа Лајчак да отпатува за Белград каде што ќе се формализира согласност за решение за настанатата криза.
ЕУ во повеќе наврати барала од Приштина да се откаже од воведување на парични казни како и барала одложување на примената за укинување на регистарските таблички кои ги издаваат српските управни органи а кои ги користат српските граѓани на Косово, што живеат во северниот дел на Косово.