Зошто може да се врати евтината струја преку ден?
Има десеткратно зголемување на капацитетот на соларни централи за струја. Ќе има периоди, особено летно време, кога струјата преку ден, ќе биде речиси бадијала. Власта најавува задолжително поставување батерии во соларните централи за вишоците струја да се чуваат за кога ќе треба.