Генерален секретар на ОБСЕ: Русија де факто ги призна ДНР и ЛНР
Одлуката за признавање на документите на ДНР и ЛНР значи дека Русија фактички го признава тој што ги издава документите, изјави на 19 февруари во интервју за „Радио Слобода“ генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер.
„Комерсант“: Следен чекор на РФ може да биде признавање независни ДНР и ЛНР
Според Заниер, одлуката за признавање на документите ќе им попречи на можностите за зацврстување на примирјето и претставува чекор назад од и онака „многу далечната цел“ за запирање на војната во Донбас.
Генералниот секретар на ОБСЕ смета дека одлуката на Русија ќе го усложни исполнувањето на „Минската спогодба“, а истовремено тоа „фактички значи... признавање на тој што ги издава документите“.
Претседателот на Украина Петро Порошенко смета дека одлуката на Русија е доказ за нејзината окупација на дел од Донбас. МНР Украина изјави дека не ја признава одлуката, а амбасадата на САД во Украина ја смета за спротивна на целите на „Минската спогодба“, пренесува порталот „Шариј.нет“.