Путин во Кремљ откри крст, урнат лично од Ленин
Како што истакна Путин, „за насилството, убиствата, независно од тоа со какви политички слогани се покриваат, не може да има никакво оправдување“, пренесува „Взгљад“.
Шефот на руската држава изјави дека подигањето на крстот на територијата на Кремљ служи како потсетник за цената која морала да се плати за заемната омраза, разединетоста и непријателството. Рускиот претседател ја истакна неопходноста од зачувување на единството и хармонијата на рускиот народ.
Истрагата за убиството на руското царско семејство
„Само Русија ја имаме. И сите ние, без оглед на тоа до какви различните ставови и позиции се придржуваме, треба да ја чуваме и браниме“, изјави Путин.
Тој потсети дека на смртта на Великиот кнез се гледало како на трагедија на претставниците на сите класи. Спомен-крстот, подигнат на местото на злосторството, стана симбол на тагата, додаде тој.
Споменикот на Великиот кнез во московскиот Кремљ беше осветена на местото на убиството на членот на царското семејство на 2 април 1908 година. 10 години подоцна, на 1 мај 1918, крстот беше урнат со непосредно учество на Владимир Ленин.
Реставрацијата на крстот беше спроведена од страна на Руското воено-историско друштво и Фондот за помош на заживувањето на традицијата на милосрдието и добротворноста „Елисаветинско-Сергиевско просветно друштво“ по налог на шефот на руската држава.