Трамп: Москва се мешала во политиката во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиско интервју рече дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин „веројатно“ е вмешан во атентати и го повтори тврдењето дека Москва се вмешала во политиката на САД.
Исто така во дискусијата на телевизијата Си-Би-Ес, Трамп зборуваше за Северна Кореја, за напорите на земјата за справување со последиците од ураганот, климатските промени и исчезнатиот саудиски новинар во Турција.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ги отфрли коментарите наведувајќи дека Трамп „не изразил директни обвинувања“ против рускиот претседател.
Прашан за вмешаноста на Русија во политичкиот систем на САД, Трамп рече оти верува дека Москва се мешала, но додаде дека исто така тоа го направила и Кина.