СЗО ја очекува од Русија целата документација за Спутник V
Светската здравствена организација (СЗО) очекува Русија да ги достави сите документи за вакцината Спутник V за нивна евалуација, изјави Олег Бенеш, виш специјалист за имунизација во регионалната канцеларија на СЗО за Европа.
Тој денеска го претстави конечниот извештај на Паневропската комисија за здравје и одржлив развој, составен под покровителство на регионалната канцеларија на СЗО за Европа.
„Сакам да нагласам дека СЗО продолжува активно да соработува со руските претставници во подготовката на комплетна документација за евалуација на вакцината Спутник V“, рече Бенеш.
Не сте вакцинирани - нема работа
Илјадници Руси маршираа во верска поворка и покрај забраната поради ширење на ковид-19
Тој посочи дека СЗО е во фаза кога очекува соодветните структури да достават комплетна документација и таа е активно вклучена во голем број мисии за евалуација.
„За нас е многу важно да ги подготвиме сите документи поврзани со параметрите како што се квалитетот, безбедноста и ефикасноста, како и да доставиме соодветни заклучоци и препораки“, додаде Бенеш.
Пред два месеци Кремљ ја отфрли идејата за одобрување странски вакцини против вакцини во Русија. Таа одобри четири домашни вакцини, вклучувајќи го и Спутник V, кои Москва се обидува да ги извезе низ целиот свет.