Матис: Референдумот најважно гласање во историјата на Македонија
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Норман Матис при денешната посета на Македонија порача дека земјата се наоѓа во уникатна можност. Според него, гласањето на референдумот е важно за придвижување на иднината на Македонија и граѓаните треба да ја искористат демократската можност и одговорност.