САД и Пакистан разговараат за мир во Авганистан
Американскиот мировен пратеник Залмај Калилзад разговарал со пакистанскиот премиер Имран Кан и со други официјални претставници, во врска со обновените напори да се најде решение за 17-годишната војна во Авганистан. Пакистанската влада објави неколку детали од разговорите на Кан со Калилзад, наведувајќи дека Исламабад е посветен да го олесни мировниот процес во Авганистан. Во соопштението се вели дека Калилзад го информирал Кан за неговите неодамнешни посети во регионот за да добие поддршка за процесот на помирување во Авганистан. Читать дальше...