Нови судири на протестите во Багдад
Во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили во Багдад, загинале четворица луѓе, а 62 се повредени, соопштија денеска ирачките власти. Судирите се случиле блиску до плоштадот Тахрир во централниот дел на градот, каде со недели има протести. Откако почнаа протестите на 1 октомври загинаа најмалку 320 луѓе, а илјадници се повредени во судири со полицијата. Тие протестираат против високата корупција, невработеноста, лоши основни услуги.