Навални повторно повикан во полиција
Рускиот опозициски лидер и блогер Алексеј Навални, кој беше ослободен на 14 ноември по 50 дена поминати во затвор, денеска беше повикан во полиција.
Навални на Твитер напиша дека денеска ја посетил полициската станица во Москва, откако истражителите го информирале неговиот адвокат дека ќе биде обвинет за клевета.
Според Навални, тој и неговиот адвокат поминале околу три минути во полициската станица каде им било презентирано обвинение против него, но дека не бил обвинет.
Навални претходно на неговиот блог објави дека обвинението за клевета против него било поднесено пред две години од страна на поранешниот истражител Павел Карпов.