Британскиот парламент го одби барањето на Џонсон за избори на 12 декември
Пратениците од Долниот дом на Британскиот парламент го одбија барањето на премиерот Борис Џонсон предвремените парламентарни избори да бидат распишани на 12 декември. За распишување на изборите на 12 декември гласаа 299 пратеници, а против беа 70, но за усвојување на таквата одлука е потребно двотретинско мнозинство, односно поддршка од 434 од 650 пратеници. Откако пратениците го одбија неговото барање, Џонсон рече дека до Парламентот ќе испрати краток предлог на Законот за избори на 12 декември. Читать дальше...