Американскиот конгрес не поддржа воена интервенција во Венецуела
Американскиот Конгрес не поддржа воена интервенција на САД во Венецуела, изјави шефот на Комитетот за меѓународни односи при Претставничкиот дом, Елиот Енгел. „Воена интеревенција не е можна опција. Конгресот е тој што одлучува каде и кога американските сили ќе бидат искористени во светот“, истакна Енгел. Претходно, претставници на американската администрација соопштија дека се разгледува можноста за употреба на воена сила, кога станува збор за решавање на прашањето во Венецуела.